Рубиковите коцки се сложувалки кои се вртат по три страни, и имаат форма на коцки. Тие имаат различна боја на секоја страна, вкупно 6. Рубиковите коцки се создадени од математичарот и физичарот Ерно Рубик, како објаснување на 3-те димензии на просторот, но подоцна сфатил дека на таа коцка може да се мешаат страните и да се решат пак во првобитна форма. Тој кога прв пат ја измешал не знаејќи колку ќе биде тешко да се реши, му требало еден месец за да ја реши коцката.
По првото негово успешно решавање на коцката тој почнал да бара фабрики за да ги продава коцките и по некое време тие почнале да се продаваат низ светот. Од рубиковата коцка се организирале натпревари и почнале да се редат светски рекорди. Првиот светски рекорд бил 22.95 секунди, а се мери и просек од 5 решенија, и првиот таков светски рекорд е точно 20 секунди. A сегашните рекорди се:
Има бескрајно многу вариации на коцката во денешно време, но најпознати се:
Има неколку начини на решавање на коцката:
Во оваа табела стојат сите коцки потребни за сите степени на знаење
| име на коцка | класа на знаење | цена |
|---|---|---|
| QiYi Sail W 3x3 | почетник | 4$ |
| MoYu RS3M | добар почетник | 9-15$ |
| MoYu WeiLong WR M | професионалец | 30-40$ |
| Gan 13 Maglev | професионалец | 67-84$ |
Се разбира дека постојат и многу други коцки, но ова се едни од најкупуваните. Сите овие коцки можете да ги купите на неколку сајтови, како што се SpeedCubeShop и The Cubicle.